Фон дер Лајен: Северна Македонија и Албанија заслужуваат да немаат нови правила на проширување

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен

По изборот на составот на Комисијата од страна на Европскиот парламент, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, пред новинарите изјави дека Северна Македонија и Албанија заслужија да започнат со преговори, јави МИА.

„Целосно сум убедена дека е во наш стратешки интерес да ги приклучиме земјите од Западен Балкан кон Европската Унија. Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги започнат преговорите. Ние побаравме многу од овие земји. Сега треба да се убедат сите во Советот на ЕУ“, рече Урсула фон дер Лајен

Таа дополни дека легитимно е Советот да поставува прашање за процесот на проширувањето, но оти за двете земји новите правила не треба да важат.

„Го поздравувам тоа што процедурите за проширување се ставени на масата. Тоа е право на Советот. Но, за Северна Македонија и Албанија, од кои побаравме длабоко да се реформираат и трансформираат, заслужуваат да не ги менуваме правилата кои им ги дадовме претходно“ изјави претседателката на ЕК.