Изгласан новиот состав на Европската Комисија

Урсула вон дел Лајен зборува пред пратениците.

Европскиот парламент го изгласа новиот состав на Европската комисија. Европратениците денеска одобрија германската конзервативка Урсула вон дел Лајен да ја предводи Европска комисијата, која треба да почне со работи на 1 декември. Во Парламентот во Стразбур 461 пратеник гласаа „за“, 157 беа против, а 89 гласаа воздржано.

Фон дер Лајен, претходно ја претстави програмата и составот на новата Европска комисија, велејќи дека ЕУ ќе ја добие геополитичката комисија што и е итно потребна.

„Во текот на следните пет години, ние ќе работиме на трансформација на секој дел од нашето општество и економија“, рече претседателката на Комисијата.

Таа е прва жена претседател на ЕК.