Џафери - Не се прават измени на изборен модел пред избори

Претседателот на Собранието, Талат Џафери

Претседателот на Собранието Талат Џафери очекува на трети јануари да се одржи седницата за избор на техничка влада, а на 12 април да има избори, оти, како што вели засега нема никакви најави за одложување на изборите. Тој очекува собранието да се распушти на 12 февруари. Останува на ставот дека не треба да се свикува седница за гласање за протоколот за НАТО по распуштањето на Собранието, но како што вели сигналите од Шпанија се дека тие би го ратификувале во јануари, па има време тоа да се направи и во нашето Собрание додека не се распушти.

Тој на брифинг со новинарите во Собранието рече дека пред избори не е вистински момент за промена на изборниот модел. Предлогот на помалите партии за промена на изборниот модел ќе се најде пред пратениците, но не е прецизирано кога.