Боки 13 ноќта ја поминал на интензивна

Архивска фотографија

Обвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е задржан на лекување во градската болница Осми септември, потврдија оттаму за Радио Слободна Европа. Од болницата велат дека причина за неговото задржување во болница е потребата од дополнителни испитувања, поради тегобите на кои се жали.

Тој е сместен на интензивна нега поради безбедносни причини, а не поради здравствената состојба.

Лекарите велат дека откако ќе му бидат направени дополнителните испитување ќе биде вратен во притвор.

Неговиот адвокат Сашко Дукоски, пред десетина дена предупреди дека Јовановски е сериозно болен и бараше да биде хоспитализиран. За четири месеци Боки 13 бил 25 пати носен на лекар.

Првото рочиштето за случајот „Рекет” е закажано за 3-ти декември.