Сочувство на Пендаровски до Макрон за загинатите 13 војници

Архива: Средба на претседателот Стево Пендаровски со претседателот на Француската Република Емануел Макрон во Париз

Македонскиот претседател Стево Пендаровски изрази сочувство до францускиот претседател Емануел Макрон за загинувањето на 13 припадници на војската на Франција во Мали.

„Во овие тажни моменти за Вашата земја, нашиот народ длабоко сочувствува со пријателска Франција и заедно со мене ја споделува тагата за загубените животи од оваа несреќа. Ве молиме да ги пренесете нашите изрази на искрено сочувство до семејствата на трагично настраданите војници и до францускиот народ. Почитуван претседателе, дозволете ми, исто така да Ви упатам и изрази на силна и безрезервна поддршка во здружување на нашите напори за акција во глобалната безбедност“, се вели во соопштението на претседателот Пендарвоски.