Затвореник починал во затворот во Куманово

Починат затвореник е пронајден во неделата наутро во кумановскиот затвор, соопшти Управата за извршување на санкции. Причините за смртта, како што наведуваат од таму, ќе бидат познати по добивањето на обдукцискиот извештај.

Како што наведуваат од управата починатиот осуденик Л.Б. бил пронајден при утринската проверка во неговиот кревет во позиција како да спие. Лекарите од итната помош, кои дошле на повик од затворот, констатирале дека нема траги на насилство.

Од Управата наведуваат и дека по прегледувањето на снимките од камерите во затвореното одделение, констатирано е дека во текот на ноќта никој не влегувал во собата на осуденото лице, односно дека таму не престојувале други осудени лица заедно со него.