САД ги повика социјалните мрежи да ги отстранат профилите на иранските власти

Mинистерството за надворешни работи на САД ги повика Фејсбук, Инстаграм и Твитер да ги укинат сите профили на претставниците на иранските власти сè додека повторно не се воспостават интернет-врски во Иран. Иранците се отсечени од светот повеќе од една недела по скоро целосното укинување на интернет-врските по наредба на властите во Техеран за да прекинат насилните демонстрации во земјата.

„Режимот е длабоко лицемерен. Го укинува интернетот додека владата продолжува да ги користи своите профили на социјалните мрежи. Ги повикуваме нашите компании за социјално вмрежување како Фејсбук, Инстаграм и Твитер да ги укинат профилите на врховниот лидер Али Хаменеи, министерот за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф и претседателот Хасан Рохани сè додека целосно не го вратат интернетот на народот“, изјави американскиот претставник во Иран, Брајан Хук.

Немирите избувнаа на 15-ти ноември, неколку часа по објавувањето на реформата за субвенционирање на горивото, што предвидува и зголемувањето на цените на горивата во време кога Иран се соочува со длабоката економска криза.

Иранците го прекинаа интернетот следниот ден за да спречат видео клипови и извештаи за немири во протести во кои загинаа пет лица, според локалните власти, додека Амнести Интернешнал соопшти дека повеќе од 100 се убиени.