Силен земјотрес ја погоди Индонезија

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди истичниот дел на Индоензија, Папуу, соопшти Американската служба за геолошки надзор.

Во соопштението се наведува дека епицентарот на потресот бил на длабочина од само 10 километри и дека земјотресите со толку мала длабочина можат да предизивкаат поголема материјална штета.

Се уште нема информации за евентуални повредени или предузвикана штета, пренесе „АП“. Во Индонезија живеат повеќе од 260 милиони лица и се наоѓа на таканаречениот пацифички „огнен прстен“, поради што често пати е погодена од сеизмички активности.