Иранските власти уапсиле 100 водачи на протестите

Протести во Техеран на 16 ноември.

Иранските власти потврдија дека околу 100 луѓе се уапсени под сомневање дека биле лидери на протестите кои уследија по зголемувањето на цената на горивата. Портпаролот на иранскиот суд за Ројтерс потврди дека се уапсени 100 водачи на протестите.

Во Техеран, ајатолахот Ахмад Катами им рече на верниците дека „некои од водачите на немирите биле анархисти кои ја заслужуваат смртната казна“.

Тој обвини дека немирите таргетирале џамии и други исламски институции.

Други официјални претставници ги опишаа демонстрантите како „насилници“ и обвинија дека зад немирите стојат странски непријатели.