Од загадениот воздух во БиХ годишно умираат 5 илјади луѓе

Сараево, архивска фотографија

Во Босна и Херцеговина, посебено во Сараево, Тузла, Зеница и Бања Лука, годишно 5.000 луѓе умираат поради загадување на воздухот, покажуваат податоците објавени во најновиот извештај „Загадување на воздухот и здравјето на луѓето: Случајот на Западен Балкан“.

Одделот за животна средина на ОН заклучи дека жителите на Западен Балкан во просек губат 1,3 години од својот живот поради загадување, затоа што честичките од прав и чад се поврзани со кардиоваскуларни заболувања, што е петпати почесто од просекот.

Тие алармантни и предупредувачки податоци во БиХ се вести само за еден или два дена, објавуваат сараевски медиуми. Надлежните институции не ја вршат својата работа и се е оставено на статистиката.