Северна Кореја го нарече Џо Бајден „бесно куче“

Џо Бајден

Северна Кореја го нарече поранешниот американски потпретседател и водечки претседателски кандидат на демократите Џо Бајден „бесно куче“ кое „мора да биде со истепано со стап до смрт и оти тоа ќе биде од полза и за САД“. Ова е невообичаен јазик за коментарите на официјалната севернокорејска новинска агенција. Бајденовиот изборен штаб деновиве објави рекламен спот со кој се напаѓа претседателот Доналд Трамп дека се сретнува со тирани, меѓу кои и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.