Македонски очекувања...

МАКЕДОНИЈА - Претседателот Стево Пендаровски во пресрет на средбата со францускиот претседател Емануел Макрон вели дека земјава е подготвена за преговори брз разлика каква ќе биде методологијата за реформи во ЕУ, но сака да знае кога навистина ќе почнеме со преговори.

МАКЕДОНИЈА - Кривичниот суд Скопје го одобри обвинителниот акт за случајот Рекет, соопштуваат од Судот. Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд ги отфрлил приговорите поднесени од осомничените во случајот и го прифаѓа обвинението.

САД / ГЕРМАНИЈА - Американскиот државен секретар Мајк Помпео предупреди на заканите од Кина и Русија по демократските слободи. Тој ги повика западните сојузници да ја бранат својата слобода.

РУСИЈА - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Соединетите Држави немаат доказ дека Москва распоредила ракета со среден дострел со што го крши Договорот за распределба на нуклеарни сили.

ШВАЈЦАРИЈА - Политичките и економските предизвици за развој на регионот се главни теми на Стратегискиот дијалог за Западен Балкан во организација на Светскиот економски форум кој во Женева ги собра лидерите на повеќе балкански земји. На самитот учсетвува и македонскиот премиер Зоран Заев.

УКРАИНА - Повлекувањето на војската од селото Петривск во регионот Донбас во источна Украина ќе започне на 9 ноември, соопшти ОБСЕ.

ИРАН - Земјотрес со сила од 5,9 степени го погоди северозападниот дел на Иран при што има загинати, повредени и голема материјална штета.

ИРАК - Шестмина демонстранти биле убиени од ирачките безбедносни сили во Багдад и четворица други во Басра за време на последните антивладните протести кои не покажуваат знаци на смирување.