БиХ- Комшиќ го повика францускиот амбасадор да ги објасни изјавите на Макрон

Архивска фотографија- Жељко Комшиќ, претседавач со претседателството на Босна и Херцеговина

Кабинетот на Жељко Комшиќ, претседавач со претседателството на Босна и Херцеговина, најави дека утре ќе го повика на разговор амбасадорот на Франција во земјата за да ги разјасни ставовите на францускиот претседател Емануел Макрон.

Како што јавува агенцијата Фена, од кабинетот на Комшиќ наведуваат дека Макрон рекол оти БиХ е темпирана бомба поради враќањето на борците од ИСИЛ.

Медиумите наведуваат дека францускиот претседател во интервју за Економист рекол и дека што се однесува до регионов во прашање не биле ниту Македонија, ниту Албанија, туку Босна и Херцеговина.

Минатата недела Бугарија испрати протестна нота до Франција откако Макрон во интервју за францускиот неделник „Валеус актиел“ изјави дека претпочитал луѓето да доаѓаат легално од Гвинеја или Брегот на Слоновата Коска отколку, како што беше пренесено, бугарските и украинските илегални филијали.