САД го започнаа напуштањето на Парискиот климатски договор

американскиот државен секретар Мајк Помпео

Соединетите држави ги информираа Обединетите нации дека го започнале процесот за напуштање на Парискиот договор за климата од 2015 година. Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека го предал официјалното известување до ОН со што почна процесот на повлекување кој трае една година. Помпео го оцени Парискиот договор за климата како „економски нефер товар за американската економија“. Околу 200 држави го потпишаа овој договор, според кој, секоја земја поставува цели за намалување на емисјата на штетни гасови кои водат до климатски промени. САД се првата земја која се повлекува од Договорот.