Турција ја зароби постарата сестра на Багдади

Абу Бакр ал Багдади

Турција соопшти дека била заробена постарата сестра на убиениот лидер на екстремистичката Исламска држава Абу Бакр ал Багдади на северозападот на Сирија. Според неименуван турски претставник, станува збор за 65 годишната Расмија Авад и таа претставува, како што рече, „разузнавачки рудник на злато“. Американските сили на 27 октомври изведоа акција на северозападот на Сирија за апсење на Багдади, кој пак активирал експлозив и се самоубил.