САД со санкции за лица поврзани со иранскиот лидер Хаменеи

Иранскиот врховен лидер, Ајатолахот Али Хаменеи

САД воведоа санкции за девет лица кои се поврзани со иранскиот врховен лидер, Ајатолахот Али Хаменеи. На листата се шефот на кабинетот на Хаменеи, неговиот син и претседател на суд, а санкции се воведени и за генералниот штаб на вооружените сили на Иран.

„Денес Министерството за финансии ги таргетира неизбраните функционери кои го опкружуваат врховниот лидер на Иран, Ајатолахот Хамнеи и кои ги спроведуваат неговите дестабилизирачки политики“, изјави американскиот секретар за финансии Стивен Мнучин.

Според него, лицата на листата се поврзани со широк спектар на однесувања од страна на режимот, вклучително и бомбашки напади на поморските касарни на САД во Бејрут во 1983 година и на аргентинско- израелската заемна заедница во 1994 година, а поврзани се и со случаи на тортура, убиства и репресија на цивили.