Заев, Вучиќ и Горбачов

МАКЕДОНИЈА - Претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, беше во посета на Македонија. Тој пред посетата, преку видео објавено на Твитер, порача младите да не губат надеж и да не се откажуваат од европската иднина. Тој се сретна со премиерот Зоран Заев и државниот врв.

МАКЕДОНИЈА - Поранешниот премиер Никола Груевски, екс министерката Гордана Јанкулоска, Мартин Протуѓер и Илија Димовски со иста содржина: Мислам дека некоја организација на жени или МПЦ мора да реагира на ИВЗ, испаѓа дека жените муслиманки дома смеат да чуваат тенкови, а полицијата не им смее ништо. Ова беше кажано на последното рочиште за случајот Монструм.

СРБИЈА - Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан, Метју Палмер, во Белград рече дека ЕУ направила историска грешка и испратила лоша порака за целиот регион со неотворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија и дека САД ќе направат се да се смени ставот за самитот во Загреб.

САД - Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го прекине федералното финансирање на борбата против шумските пожари во Калифорнија.

РУСИЈА - Поранешниот советски лидер Михаил Горбачов предупреди дека сегашната спротивставеност меѓу Русија и Западот го става светот во колосална опасност, поради заканата од нуклеарно оружје.

ИРАК - Безбедносните сили во Ирак застрелале тројца демонстранти и раниле 19. Тоа се случило за време на нападот на иранскиот конзулат во светиот шиитски град Карбала во јужен Ирак, соопштија полициските власти. Во настанот се повредени и седум полицајци.

ТУРЦИЈА - Најмалку 13 луѓе биле повредени во Истанбул кога возач влетал со автобус меѓу луѓе на преполна станица, а потоа со нож ги нападнал оние што се обиделе да го фатат, соопшти турската полиција, наведувајќи дека напаѓачот бил уапсен.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Виетнамските власти уапсиле осум луѓе во врска со смртта на 39 лица пронајдени во камион во Велика Британија, за кои се верува дека се Виетнамци, соопшти полицијата.