Вучиќ бара од ЕУ да каже од што се отруени членовите на ЦИК во Приштина

Архивска фотографија- Српскиот претседател Александар Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска повторно ја праша портпаролката на ЕУ Маја Коцијанчич дали може да каже со каков отров се имаат отруено членовите на Централната изборна комисија (ЦИК) во Приштина, додавајќи дека му е жал што ниту ЕУ, ниту американскиот специјален претставник за Западен Балкан Метју Палмерн со кој тој утре ќе се сртне,не се занимавале со толку важно прашање.

Вучиќ на својот Твитер профил, потсети дека се поминати три недели од случајот со „труењето“ на членовите на ЦИК на Косово и повтори дека додека бил жив, нема да се откаже од трагањето за одговорот на ова важно прашање.

Тој пред неколку дена испрати писмо до Маја Коцијанчич, во кое инсистира на тоа ЕУ да одговори по повод случајот за наводното труење на членовите на косовската ЦИК од албанска етничка припадност. Коцијанчич одговори дека резултатите од истрагата се чекаат и дека мисијата за набљудување на изборите на ЕУ во Косово внимателно го следи случајот.