СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Славески се против повеќе пари кај граѓаните

Архивска фотографија- Седиштето на СДСМ.

Владејачката партија преку соопштение реагира на изјавата на Трајко Славевски член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој денеска на прес конференција побара да се укине проектот Мој ДДВ.

„Мој ДДВ е успешна мерка, а граѓаните за помалку од 1 месец ќе ги добијат назад 15% од платеното ДДВ. Повеќе од 200.000 граѓани скенираат сметки и бројот се повеќе расте! МојДДВ, не само што ќе ги врати парите кај граѓаните, туку влијае на намалување на сивата економија„навеедуват од СДСМ.

Славески денеска за одлуката на владата да го пролонгира прогресивното оданочување рече дека СДСМ има идеолошка конфузија и побара мерката „Мој ДДВ„ да се укине, а со тие пари од буџетот да се обештетат граѓаните кои платиле повисок данок со воведувањето на прогресивното оданочување.