Сирија- 13 загинати во експлозија на автомобил бомба

Архивска фотографија- сириски војник

Најмалку 13 цивили загинаа во експлозија на автомобил бомба во северна Сирија, во близина на границата со Турција денеска, соопштија турските власти. Во екплозијата која се случила во близина на пазар во северниот сириски град Тал Ајаб повредени се најмалку 20 луѓе. Сириската опсерваторија за човекови права сo седиште во Лондон соопшти дека загинале 14 луѓе, а некои од нив се вооружени лица поддржани од Турција. Турското министерство за одбрана за нападот ја обвини курдската милиција која Анкара ја смета за терористичка група на забранетата Курдска работничка партија.