САД- Иран останува главна држава спонзор на тероризмот

Архивска фотографија- првиот човек на Стејт департментот Мајк Помпео

Во новиот извештај на американскиот Стејт Департмент за тероризмот за 2018 година објавен вчера се наведува дека Иран и понатаму останува главна држава спонзор на тероризмот во светот. Во извештајот се наведува дека таа држава инвестирала една милијарда долари годишно во поддршка на терористички групи низ светот. Извештајот за тероризам се објавува еднаш годишно од 2004 година и треба да му обезбеди редовни информации на Конгресот за состојбата во светот. Неговото објавување годинава се случува и во период на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран откако американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ги повлече САД од нуклеарниот договор кој Иран го постигна со светските сили во 2015 година.