Полицијата пронашла 14 мигранти во куќа во Ваксинце

Вчера вечерта полицијата по претходна судска наредба извршила претрес во куќа во селото Ваксинце и пронашла 14 мигранти, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

„Во домот и други простории кај Б.А.(44) од с.Ваксинце се пронајдени 14 лица мигранти и тоа шест од Индија и по четири од Пакистан и Авганистан. Тој бил лишен од слобода и по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен содветен поднесок“, соопштија од МВР.