Помпео: Владата во Ирак мора да ги слуша демонстрантите

Архивска фотографија- Американскиот државен секретар Мајк Помпео

Американскиот државен секретар Мајк Помпео вели дека ирачката влада мора да ги слуша барањата на граѓаните, додека антивладините протести продолжуваат во Багдад. Во соопштениетo објавено додека во главниот град на Ирак се одржуваат најголемите протести во последниов месец откога почнаа, Помпео наведува дека САД ги поздравуваат сите сериозни напори кои ги прави ирачката влада за да одговори на барањата на ирачкото општество. Повеќе од 250 луѓе беа убиени, а околу 12 000 повредени во серијата протести во која учесниците изразуваат незадоволство поради корупцијата, невработеноста, а ја критикуваат и иранската инволвираност во ирачките прашања.