Протестен марш во Скопје против монтирани судски предмети

Граѓани Албанци маршираат од паркот во Чаир до Собранието со барање да се решат сите монтирани судски предмети. Протестниот марш за правда е организиран од братот на Ел Чека, Блерим Ахмети, а поддржан од партијата Беса.

„Не можеме да молчиме кога има неправда, монтирани случаи против Албанците, а власта ја уби надежта за правна држава“, порачаа од Беса.

Демонстрантите скандираат „Нема правда, нема мир“, „Сакаме слобода“ и „Али предавник“. Тие велат дека бомбите на Ел Чека се исти како тие на Заев.

Зад прекарот Ел Чека е кичевчанецот Шеќерим Ахмети, кој сега живее во Чикаго. Тој објавува прислушувани разговори, главно за лидерот на ДУИ Али Ахмети, за дел од раководството на ДУИ, но и за поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.