Напредок во разговорите за платите на просветарите, но се уште нема договор

Совет на СОНК

Министерството за образование и СОНК се на добар пат да постигнат решение за платите на просветарите, рече министерот Арбер Адеми по завршување на денешната средба. Тој рече дека има приближување на ставовите, но не и целосен договор.

Адеми, првиот човек на СОНК, Јаким Неделков и премиерот Зоран Заев имаа средба во Владата. Министерот рече дека се разгледуваат сите решенија во согласност на владата и министерството.

Неделков рече дека има уште работа и дека СОНК не отстапува од барањето – зголемувањето на платите да стапи во сила од 1 јануари 2020 година, а не како што предлага Владата од 1 април. СОНК најави генерален штрајк за 15 ноември доколку не им се зголемат платите.