Унгарија со вето на изјавата на НАТО за Украина

рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан, Будимпешта, 30.10.2019.

Унгарски официјални претставници изјавија дека таа земја ставила вето на заедничката изјава на НАТО за Украина зато што не било спомнато „кратење на правата“ на унгарското малцинство во таа земја. Унгарија истакнува дека измените на украинските закони за образование ги ограничуваат правата на малцинствата, а владата на Виктор Орбан упати критики поради одбивањето Украина да им допушти на Унгарците кои живеат во неа да имаат двојно државјанство. Се проценува дека во Украина живеат околу 125.000 Унгарци.