Рускиот дипломат осомничен за шпионажа ја напушти Бугарија

Руската амбасада во Софија

Рускиот дипломат, осомничен за шпионажа, на кого му беше наредено да ја напушти Бугарија во рок од 24 часа, отпатувал со директен лет за Москва, заедно со своето семејство, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи. Руската амбасада во Софија денеска објави дека добила нота од бугарското МНР дека нивен дипломат е прогласен за персона нон грата.

„На 29 октомври Амбасадата прими нота од МНР на Бугарија за прогласување на соработник на Амбасадата за „персона нон грата“. Дипломатот ќе ја напушти земјата во посочениот рок. Руската страна го задржува правото за соодветни мерки“, објави на Фејсбук руската Амбасада.

Дипломатот имал конспиративни средби со високи бугарски официјални претставници, од кои еден имал пристап до доверливи информации за Бугарија, НАТО и ЕУ.