За претседател на Уставниот суд избран судијата Мурати

Архивска фотографија - Седница на Уставен суд

За претседател на Уставниот суд денеска е избран судијата Сали Мурати. Тој на функција ќе стапи на 1 ноември, кога на досегашниот претседател Никола Ивановски му завршува мандатот.

Претседател на Уставен суд се бира со двотретинско мнозинство од вкупниот број судии, со тајно гласање.

Мурати е роден во 1966 во Врапчиште, Гостивар, а завршил Правен факултет во Белград. Тој активно се занимавал со правната проблематика од областа на уставното право, правата на заедниците, слобода на мисла и вероисповед и меѓународно приватно право.