Герберих - Мора целосно да се сконцентрирате на реформите

Германскиот амбасадор Томас Герберих

Северна Македонија да ги интензивира реформите и да ги убеди сите кои имаа дилеми дека местото и е во ЕУ, рече германскиот амбасадор во земјава Томас Герберих.

„Мора целосно да се сконцентрирате на реформскиот процес кој ќе доведе до членство во ЕУ со цел да се овозможат можности и најдобри услови за живот за сите“, рече Герберих.

Тој вели дека Германија останува на ставот дека отворањето на претпристапните преговори беше, е и останува суштинско прашање за безбедност и стабилност во Европа. Тој денеска на конференција за капацитетите на Народна банка, рече дека Германија е посебно поврзана со земјите од Западен Балкан како политички, така и економски и социјално.