Бугарија бара рускиот дипломат обвинет за шпионажа да ја напушти земјата

Руската амбасада во Софија

Бугарското Министертвао за надворешни работи му даде на рускиот дипломат, обвинет за шпионажа, 24 часа да ја напушти земјата. До ова дојде откако официјална Москва не го исполнила барањето на Софија да го отповика до 28 октомври. Претходно Министертвото соопшти дека еден од деветтемина први секретари во Руската амбасада во Софија ја напуштил земјата. Руската амбасада во Софија потври дека го примила барањето и оти тоа ќе било исполнето во предвидениот рок. Ниту една страна не го објави името на дипломатот. Се дознава дека тој имал конспиративни средби со високи бугарски официјални претставници. Еден од нив имал пристап до доверливи информации за Бугарија, НАТО и ЕУ.