Судири меѓу сириската и турската армија, први од почетокот на офанзивата

Турски војници во Сирија.

Најмалку шест сириски владини борци се убиени денеска во судири со турската армија, први судири откако Анкара започна офанзива во северна Сирија против Курдите.

Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон, соопшти дека имало препукување во Асадија, јужно од пограничниот град Рас ал-Аин.

Турција бара Курдите да се повлечат од пограничното подрачје, а за тоа постигнаа договор и со Русија, која е главен поддржувач на сирискиот режим. Курдите, откако се повлекоа американските сили, кои им беа сојузници во борбите со Исламската држава, се обратија до сириската влада за заштита.