Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ си заминаа од Комисијата за европски прашања

По говорот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, пратениците од оваа партија ја напуштија седница на собраниската Комисија за европски прашања, на која се дискутира за тоа што земјата не доби датум за преговори со ЕУ.

Милошоски ја покажа фотографијата од вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, од лани, кога тие се пофалија дека земјава добила датум за почеток на преговори.

Тој рече дека местото за дискусија за неуспехот на владата за евроинтеграциите е Комисијата за надворешни работи, а ова што се случува денеска го нарече владина забава.

Вицепремиерот Османи вели дека тоа што европскиот совет не постигна консензус за давање датум е историска грешка и неправда, но како што вели чувството на разочарување не треба да не оддалечи од патот на реформи и пријателството со другите држави.