Во Пекинг разговори за крај на авганистанската војна

Мировни разговори во Доха.

Денеска и утре во Пекинг се одржуваат мировни разговори за крај на авганистанската војна, меѓу авганистанските сили и талибанците. Пред неколку денови претставници на САД, Русија, Кина и Пакистан одржаа заеднички состаноци во Москва, на кои ја обновија поддршката за сеопфатен и одржлив договор.

На мировните разговори во Пекинг се очекува да присуствуваат претставници на авганистанските власти, други авганистански лидери, претставници на талибанците. Последните мировни разговори се одржаа во јули во Доха, главниот град на Катар.

Во меѓувреме, властите соопштија дека најмалку 20 војници загинале во текот на ноќта кога талибанците извршиле напад во северната провинција Јавзјан во Авганистан.