Џонсон не се откажува од предвремени избори во Британија

Британскиот премиер Борис Џонсон

Британскиот премиер Борис Џонсон најави дека на парламентот ќе му испрати краток предлог закон за одржување вонредни избори на 12 декември. Неговото вчерашно барање за избори на тој датум беше отфрлено од Долниот дом на британскиот парламент. За разлика од вчерашното гласање, за усвојување на овој закон е потребно просто, а не двотрестинско мнозинство. Опозициските партии наведоа дека сакаат избори, но не под условите на Џонсон. Тој бара предвреми избори со надеж дека неговата Конзервативна партија ќе добие мнозинство во парламентот, што, според очекувањата, ќе биде олеснето излегувањето на Британија од ЕУ. Унијата претходно соопшти дека одобри тримесечно одлагање на Брегзитот, односно до 31 јануари идната година.