Стерјовски – Зошто Еди Рама ја откажа средбата со претседателот Пендаровски?

Албанскиот премиер Еди Рама

Пратеникот во албанскиот Парламент од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во обраќањето пред пратениците информираше за неговата средба со македонскиот претседател, Стево Пендаровски, за време на неговата официјална посета на Албанија и праша зошто албанскиот премиер Еди Рама ја откажал средбата со Пендаровски.

„Планирано беше претседателот Стево Пендаровски да се сретне и со премиерот Еди Рама, но како што бев информиран од македонската делегација, половина час пред средбата, кабинетот на премиерот Еди Рама средбата ја откажал со образложение: Премиерот има важен состанок. Одложувањето на средбата се случи после заедничката прес-конференција на претседателите [Илир] Мета и Пендаровски. Премиерот треба да ја информира јавноста зошто ја одложи средбата со претседателот Стево Пендаровски половина час пред нејзиното одржување“, рече Стерјовски.

Однесувањето на премиерот Рама, според него е несериозно и не е во духот на добрососедството.