Во Турција уапсени 20 луѓе поврзани со Исламска држава

Турските власти денеска уапсиле 20 странски државјани осомничени дека имаат врски со Исламска држава, јави државната агенција Анадолија.

Притворите доаѓаат еден ден откако претседателот на САД Доналд Трамп објави дека водачот на Исламската држава Абу Бакр ал-Багдади е убиен во рацијата на американските специјални сили во северозападна Сирија, во близина на турската граница.

Турција често спроведува операции против лица кои имаат врски со Исламска држава, и не е јасно дали денешните апсења се поврзани со смртта на Багдади.

Во денешната акција биле уапсени 20 странски државјани кои во Турција влегле нелегално. Тие биле притворени во Анкара.