Пентагон на „Мајкрософт“ му додели договор од 10 милијарди долари

Седиштето на „Мајкрософт“


Американската армија му додели на "Мајкрософ" договор за далечинско складирање на тајни податоци, вреден 10 милијарди долари.

Во надавањето за овој проект нарече "Заедничка одбраннбена инфраструктурата" (ЈЕДИ), учествуваа водечките компании во технологијата како "Амазон", "Оракле" и други.

Пентагон се надева дека 10-годишниот прокт ЈЕДИ, ќе овозможи сите воени гранки кои споделуваат информации да бидат во еден систем и да користат вештачка интелигенција.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, беше многу критичен кон основачот на „Амазон“, Џеф Безос, кој е и сопственик на весникот „Вашингтон пост“, што исто така, е мета на незадоволството на претседателот.