Најмалку 24 загинати лица во Ирак

Антивладини протести во Ирак.

Најмалку 24 лица загинаа во последните протестите во Ирак, објави ирачката комисија за човекови права. Вчерашните протести следуваа по еднонеделните антивладини демонстрации претходно овој месец, во кои беа убиени повеќе од 150 луѓе.

Полицијата употреби солзавец и боева муниција за да ги растера стотиците демонстранти, на вчерашните протести кои продолжија по тринеделниот прекин. Демонстрантите протестираа против корупцијата, невработеноста и немањето основни услуги.

Во Багдад загинаа осум демонстранти, соопшти ирачката комисија за човекови права. Најмалку петмина од нив се демонстранти погодени од канистри со солзавец, соопштија безбедносни извори.

Масовните протести на ирачките улици започнаа на 1 октомври и во нив загинаа најмалку 157 лица, се вели во официјалната истрага.