Руски сили пристигаат во Сирија за да патролираат

Мапа на областа во која ќе патролираат руските сили

Околу 300 руски припадници на воена полиција пристигнале во Сирија за да го спроведуваат планираното патролирање во пограничното подрачје со Турција, соопштија руските власти. Патролирањето е дел од договорот меѓу Москва и Анкара.

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека воената полиција и оклопните возила биле пренесени од базите во Русија во Сирија.

Русија и Турција се договорија курдските сили да се повлечат 30 километри од пограничната област на североистокот од Сирија, а руските и сириските сили да го надгледуваат повлекувањето. Руската воена полиција на 23 октомври ги спроведе првите патроли.