Белата куќа веќе не е претплатник на Њујорк тајмс и Вашингтон пост

Доналд Трамп

Белата куќа веќе нема да биде претплатник на Њујорк тајмс и Вашингтон пост, бидејќи претседателот Доналд Трамп оцени дека овие весници биле „нечесни“ спрема него. „Не ја обновивме претплатата“, изјави портпаролката на Белата куќа Стефани Гришам, додавајќи дека тоа ќе биде „значително штедење за даночните обврзници“. Трамп во понеделникот на Фокс њуз повторно го критикуваше „Њујорк тајмс“ за објавување лажни вести и погрешни информации.