Денеска е Ден на Обединетите нации

зградата на ОН во Њујорк

Обединетите нации денеска ја одбележуваат годишнината од стапувањето во сила на Повелбата на ООН во 1945 година. Со ратификувањето на овој основачки документ од мнозинството нејзини потписнички, вклучувајќи ги и петте постојани членки на Советот за безбедност, Обединетите нации и официјално ја започнаа работата. 24 октомври се прославува како Ден на Обединетите нации од 1948 година. Во 1971 година, Генералното собрание на Обединетите нации им препорача земјите-членки да го сметаат овој ден како државен празник.