Грција го поддржува еврoпскиот пат на Западен Балкан

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотаки

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис вели дека Грција го поддржува европскиот пат на земјите од Западен Балкан и затоа очекува тие да одговорат правилно на обврските за нивната европска перспектива.

„Поддршката не е само затоа што тоа ја претвора перспективата во фактор на стабилност за регионот, туку и затоа што е демократска алатка за притисок за неопходната модернизација на нашите соседи и за решавање на билатералните разлики“, рече грчкиот премиер, говорејќи во Солун на меѓународен симпозиум.

Мицотакис повтори дека Договорот од Преспа е негативен за Грција, но дека нема да ја изложи својата земја на перипетии.

„Без да ризикуваме најмала дестабилизација, внимателно ќе следиме како нашите соседи одговараат на нивните обврски. И, се разбира, во решавањето на нерешените прашања, на прво место заштитата на македонските производи“, рече Мицотакис.