Во Чиле 15 загинати во текот на петдневните нереди

Чиле - нереди

Владата на Чиле соопшти дека 15 луѓе загинале во текот на петдневните нереди, подметнати пожари, насилства и судири што ја парализираа земјата и го нарушија нејзиниот долгогодишен имиџ на оаза на стабилност во Латинска Америка. Во скоро половина од 16-те чилеански региони и натаму е на сила вонредна состојба, а во некои е воведен и полициски час, за прв пат од обновата на демократијата во 1990 година кога беше завршена крвавата 17 годишна воена диктатура. Немирите беа поттикнати од зголемувањето на цената на билетите за метро.