Самит Русија – Африка во Сочи

претседателот на Русија Владимир Путин и претседателот на Египет Абдел Фатах ел Сиси

Денеска и утре црноморскиот град Сочи ќе биде домаќин на самитот Русија - Африка, на кој ќе копретседаваат претседателот на Русија Владимир Путин и претседателот на Египет Абдел Фатах ел Сиси, кој е и претседател на Африканската унија. Ова е прв собир на вакво ниво во историјата на руско-африканските односи. На собирот се поканети шефови на сите држави на африканскиот континент, како и лидери на поголеми регионални здруженија и организации. Посебно внимание ќе им биде посветено на перспективите на односите на Русија со африканските земји и проширувањето на политичката, економската, техничката и културната соработка.