Европската комисија ѝ даде зелено светло на Хрватска за Шенген

Илустрација

Европската комисија денеска соопшти дека Хрватска ги исполнила потребните услови за влез во шенгенскиот простор и го повика Советот на ЕУ да ја прими во заедничкиот простор без внатрешни гранични контроли.

Комисијата додава дека Хрватска треба да продолжи да ги применува сите сегашни активности , особено управувањето со надворешните граници, „за да осигура тие услови да бидат и понатаму исполнети“.

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер ги пофали хрватските напори за исполнување на шенгенските услови.