Џонсон – Или договор за Брегзит или избори

Британскиот премиер Борис Џонсон

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска пред Парламентот рече дека ако не се ратификува договорот за Брегзит, тој ќе се откаже од обидот да се усвои договореното за напуштање на ЕУ и ќе побара избори. Се ближи 31 октомври до кога е рокот Велика Британија да си замине од Унијата, но расправата во Парламентот е неизвесна, оти пратениците не се согласни околу тоа кога, како и дали треба да се случи Брегзит.

Парламентот треба да гласа за новиот договор за Брегзит денеска. Џонсон ги предупреди пратениците дека ако не го изгласаат, ќе побара избори под слоганот „Да го направиме Брегзит“. Сепак, и за избори ќе му треба мнозинство.