За време на антивладините протести во Ирак загинале 157 луѓе

Од антивладините протести во Ирак на почетокот на октомври

Вкупно 157 луѓе биле убиени за време на неодамнешните антивладини протести во Багдад и во други ирачки градови, покажува официјалната истрага. Комитетот надлежен да го испита насилството денеска соопшти дека за време на масовните протести загинале 149 цивили и осум припадници на безбедносните сили, при што само во Багдад загинале 111 луѓе.

Демонстранти излегоа на протести на 1 октомври против високата невработеност, лошите јавни услуги и распространетата корупција.

Истрагата на Комитетот покажала дека најголем дел од луѓето загинале од истрели од куршуми.

Комитетот препорачува надлежниот за операцијата за одговор на немирите во Багдад и десетици други полициски службеници да бидат отпуштени од работа. Во извештајот се наведува дека командантите изгубиле контрола над своите сили за време на протестите, што предизвикало хаос.

Извештајот е објавен денеска, додека Ирак се подготвува за нови антивладини протести планирани на 25 октомври.