Спасовски - Државата подготвена за евентуална мигрантска криза

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека државата е подготвена за евентуално зголемување на бранот на мигранти, но дека засега нема индиции за тоа.

На прашањето дали земјата е подготвена за можноста од Турција да биде пуштен нов бран мигранти, Спасовски вели дека Европската унија треба сериозно да остане на спроведувањето на договорот со Турција, ако сакаме навистина да не ни се случи нов мигрантски бран.

Тој вели дека државата ќе ја почитува политиката на Европската унија во однос на справување со евентуална мигрантска криза.