Туск - Европските лидери направија голема грешка за Северна Македонија и Албанија

Доналд Туск и Зоран Заев

Европските лидери направија голема грешка за Северна Македонија и Албанија, рече претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск денеска пред пратениците во Европскиот парламент. Тој вели дека тоа отворено им го кажал на лидерите. Туск вели дека имале тешка дебата околу проширувањето, но не го постигнале потребниот консензус.

„Сега се надевам дека лидерите ќе го исполнат заклучокот, дека ќе се навратат на ова прашање пред Самитот во Загреб во мај догодина“, рече Туск пред ЕП презентирајќи ги заклучоците од минатонеделниот состанок на Европскиот совет во Брисел.

На седницата ќе бидат разгледани и заклучоците на Советот на ЕУ за Брегзит и за воената интервенција на Турција во Сирија.