Крунисан јапонскиот император Нарухито

Јапонскиот император Нарухито

Јапонскиот император Нарухито денеска официјално е крунисан на престолот, на церемонијата на која присуствуваа претставници на повеќе од 170 земји. Нарухито, кој има 59 години е 126 по ред јапонски император. Тој дојде на престолот по абдикацијата на неговиот татко, императорот Акихито.

Императорот рече дека искрено се надева дека Јапонија ќе се развива понатаму и ќе придонесе за пријателство и мир на меѓународната заедница и за благосостојба и просперитет на луѓето.